сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Кузмановска: Оваа Влада ги имаше најкатастрофалните економски политики во време кога Европа имаше секаде раст од над 3 %

Кузмановска: Оваа Влада ги имаше најкатастрофалните економски политики во време кога Европа имаше секаде раст од над 3 %

На денешната расправа на Комисијата за финансирање на буџет имаше обраќање пратеничката од редовите на ВМРО ДОМНЕ Лилјана Кузмановска.

Кузмановска потенцираше дека оваа Влада ги имала најкатастрофалните економски политики во време кога сите земји во Европа бележеа огромен економски раст.

„Оваа Влада ги имаше најкатастрофалните економски политики во време кога Европа бележеше секаде раст од над 3 %. “ – истакна Кузмановска.

Пратеничката Лилјана Кузмановска кажа дека сега се најавени негативни влијанија во глобалната економија кои негативно ќе се одразат и врз македонската економија што го доведува во прашање и растот кој го предвидува Владата од 2,5 %.