Два нови случаи на граѓани нападнати од кучиња во Скопје се регистрирани од полицијата во текот на вчерашниот ден.
На 27.11.2018 година во 13.50 часот било пријавено дека Б.Т. истиот ден околу 13,00 часот на улица „Антон Попов“ во Скопје била касната од куче.
На 28.11.2018 година А.Ж.С.(36) од Скопје пријавила дека околу 20.30 часот на улица „Бојмија“ во Скопје нејзиното малолетно дете било каснато од куче-скитник.