Се „пресметаа“ уште на прес-конференцијата за мечот што се претвори во масовна тепачка. Тајсон Фјури со своите изјави го испровоцира Дионтеј Вајлдер, почнаа да се препираат, имаше вперување прсти во око и потоа се вклучија и нивните тимови.
По ескалацијата, Фјури остана без маица, а обезбедувањето го расчисти прес-центарот.
Минатиот месец две нивни прес-конференции пропаднаа поради навреди и препирања.
Ваквиот развој на настаните некои го коментираат како непотребен циркус, додека други сметаат дека провокациите помагаат „да му пукне филмот“ на противникот.
30-годишниот Фјури досега има 27 победи во 27 мечеви (од кои 19 со нокаут), а Вајлдер (33) го брани WBC појасот со 40 победи од 40 мечеви (39 нокаути).
Ситуацијата ескалира во 45-тата минута од видеото: