вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ердоган: Почна воената операција во Африн

Ердоган: Почна воената операција во Африн

Претседателот на Турција,  Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека во сирискиот регион Африн, кој  е под контрола на Курдите, почна воена операција откако турската армија извршти трансгранично гранатирање.

Турската армија денеска соопшти дека погодила засолништа кои ги користат трите екстремистички групи – Курдска работничка партија, Партија за демократско единство и Единиците за народна заштита, откако екстремистите стрелале врз турси позиции.

– Постепено ќе го уништиме терористичкиот коридор, како што направивме при операциите во Џарабулус и Ел-Баб, почнувајќи од западната страна. Операцијата во Африн практично почна на терен. Следен е Манбиџ, посочи Ердоган.

Тој повеќе пати досега најавуваше дека ќе ја порази сириската курдска милиција во Африн, која според Анкара е безбедносна закана за Турција.

Претходно, американскиот Стејт департмент апелираше Турција да се фокусира на борба против екстремистите на Исламска држава, а турските активности во Африн ги оцени како дестабилизирачки.