петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Столтенберг: Се подготвуваме да живееме во свет без Договорот со Русија

Столтенберг: Се подготвуваме да живееме во свет без Договорот со Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на крајот на првиот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, ја повика Русија за последен пат да престане да го крши Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) од 1987 година.

– НАТО постои за да го зачува мирот, ние бараме дијалог, а не конфронтација со Русија, не сакаме нова Студена војна, ќе работиме за подобри односи. Русија има последна шанса да се врати во согласност со Договорот, но мораме да се подготвиме за свет без ИНФ, изјави Столтенберг.

– НАТО сојузниците ја обвинуваат Русија дека го крши ИНФ со развивањето и распоредувањето на забрането нуклеарно оружје, кое може во многу кус рок и без предупредување да ги погоди европските градови, изјави вчера шефот на Алијансата.

Поради кршењето на Русија, САД планираат да се повлече од оваа ИНФ, со што се ослабнува контролата на оружје на европскиот континент. Вашингтон смета дека нема причина да остане дел од Договорот доколку Москва продолжи да развива забранети ракети.

На денешниот состанок, земјите членки едногласно се согласиле дека Русија е единствената одговорна страна.

– Русија го крши Договорот за нуклеарни сили со среден дострел и основите на ефикасна контрола на оружје, ова е дел од поширок начин на однесување на Русија кој има за цел да ја ослаби европската безбедносна архитектура. Земјите членки на НАТО нема да останат без одговор на ова, истакна Столтенберг.

Тој додаде дека Алијансата ќе ги продолжи дискусиите за тоа прашање.

– Ќе продолжиме да дискутираме и да се справуваме со ова прашање во рамките на НАТО, ќе развиеме сет одговори колективно, на умерен начин затоа што ова е многу сериозно и и потребно е да се анализираат последиците од секој чекор, наведе Столтенберг.

Претходно, НАТО формално ја обвини Русија за кршење на Договорот за нуклеарни сили со среден дострел (ИНФ) од 1987 година.