петок, 12. јануари 2024. Вести денес: 0
home Останати спортови

Надал ќе учествува на АТП-500 турнирот во Барселона

Надал ќе учествува на АТП-500 турнирот во Барселона

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал го потврди учеството на АТП-500 турнирот во Барселона, кој е неговиот најомилен турнир.

Некогашниот светски рекет број еден нема настап по УС Опен, кога се откажа поради повреда пред полуфиналето со Хуан Мартин Дел Потро и му го предаде лидерското место на АТП-листата на Новак Ѓоковиќ.

На турнирот во Барселона, Надал ќе ја брка својата 12-та титула. Во ланското финале, шпанскиот ас беше подобар од Циципас.

Рафа има само три порази во кариерата во Барселона, во 2003, 2014 и 2015 година. Првиот официјален меч на Надал по кам-бекот ќе биде во Бризбејн, Австралија.