понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Oткриени докази: Астори можел да биде спасен

Oткриени докази: Астори можел да биде спасен

Смртта на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, кој почина од инфаркт на 4 март годинава во својата хотелска соба утрото пред „виолетовите“ да го одиграат својот меч, можел да биде спасен објави весникот „Ла Национе“, повикувајќи се на два прегледи, кои укажувале дека фудбалерот има проблеми со срцето.

„Ла Национе“ објави дека Астори имал два прегледи во јули 2016 и во 2017 година, кога направил два електрокардиограми, но иако постоеле „ризици“, тој добил дозвола за да игра фудбал.

Заплетот почнува со тоа што, во двата случаи прегледите покажале вертикуларни екстрасистоли, или со лаички речник кажано – прескокнување на срцето со жариште во срцвите клетки. На вториот тест, покажало и екстрасистоли со две морфолошки творби, што било мал, но доволен траг и препорака дека срцето не му работело како што треба.

На тестовите показателите откриле и дека срцевите отчукувања не се правилни. Најголемата трагедија во сето тоа е што никој тоа не го видел, па за помалку од осум месеци, во март годинава Астори починал во сон.

Професорот Доменико Корадо од Универзитетот во Падова, инаку стручњак за кардиологија, после откриените последни два теста, ги поставил прашањето дали Астори требало да биде ставен на дополнителни сеопфатни прегледи или да му било предочено дека мора да престане да игра?

Сега обвинителот Џузепе Креацо отворил истрага по најновите докази.