Службата за безбедност и трговија на мало вели дека египетските власти ја ограничиле продажбата на жолти елеци.
Властите во Египет стравуваат дека опозицијата би можела да ги ископира протестите во Франција за време на јануарската годишнина од народното востание кое во 2011 година го сруши Хосни Мубарак.
Велат дека на дистрибутерите на сигурносна опрема им е наложено да не продаваат жолти елеци на обични купувачи, туку само на проверени компании и само со полициска дозвола за купување.
Официјалните служби за безбедност истакнале дека органичувањето ќе остане на сила до крајот на јануари.
Министерството за внатрешни работи не дало одговор по ова прашање.