четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Динар одбра 20 ракометари: Карабатиќ нема да игра на СП!

Динар одбра 20 ракометари: Карабатиќ нема да игра на СП!

Селекторот на еден од најголемите фаворити за златниот медал, Дидие Динар, го објави списокот на 20 ракометари, од кои ќе ги одбере оние што ќе настапат за Франција на Мундијалот во Германија и Данска.

Во поширокиот список се наоѓаат 17 играчи што играа во квалификациите за ЕП во октомври, а таму го нема Никола Карабатиќ, кој направи операција на стапалото и ќе биде надвор од тимот. Неговото отсуство не би требало да се почувствува со оглед на тоа што Динар има голем избор на бековските позиции.

Франција ќе ги започне подготовките на 26 декември во Кретеј, а ќе одигра два пријателски натпревари на 5 и 7 јануари против Словенија во Руен. Конечниот список и патниците за Мундијалот, Динар ќе ги соопшти на 9 декември.

Извор: 24rakomet.mk