сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Основано „ЈП колекторски систем“ за заштита на Охридското Езеро

Основано „ЈП колекторски систем“ за заштита на Охридското Езеро

Владата на денешната седница донела одлука за основање „Јавно претпријатие колекторски систем“, чија примарна дејност ќе биде собирање, одведување и прочистување на отпадни води преку канализациони системи со пречистителни станици, односно колекторски системи и нивно испуштање во реципиент, со крајна цел – заштита на Охридското Езеро.

Како што соопши владината прес-служба, јавното претпријатие ќе врши и планирање, изградба, реконструкција и рехабилитација на колекторскиот систем.

Средствата за основање на „ЈП колекторски систем“ во висина од пет милиони се обезбедени од сметката на Владата на Република Македонија. 

МИА

Најнови вести