понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

На Охридското Езеро викендов ќе се одржува третата Меѓународна едриличарска регата

На Охридското Езеро викендов ќе се одржува третата Меѓународна едриличарска регата

Во организација на Здружението за спортско едрење „Акватика Јахтинг“ од Охрид, а поддржано од Едриличарската федерација на Македонија и Општина Охрид, денеска и утре на Охридското Езеро ќе се одржува Третата меѓународна едриличарска регата „International Ohrid Sailing Regatta“.

На регатата ќе учествуваат едриличарските клубови „Палиќ“, „Металац“ и „Смедерево“ од Србија, „Централен Софиски Јахт клуб“ од Бугарија, „GKZ“ од Полска и нашите клубови „Снегар“ и „Акватика Јахтинг“. Се уште не е познато дали ќе се појават најавените учесници од Црна Гора и Грција.

Натпреварите ќе се одвиваат во три категории и тоа класите „Оптимист“, „ILCA 4“ и „класата 470“, на регатното поле на потегот меѓу Градското пристаниште, Канео и Горица 1.