Во пукањето во центарот на Стразбур две лица го загубија животот, а десет се ранети, соопшти вечерва францускиот министер за внатрешни работи.
Тој додал дека напаѓачот од претходно и е познат на полицијата и има досие, пренесува Ројтерс.
Напаѓачот во моментов е се уште во бегство и по него се трага, а на сите жители им е наредено да не излегуваат од своите домови. Затворен е и Европскиот парламент.
Полицијата го евакуирана центарот на градот, а лицата кои се нашле во близина на местото каде се случил нападот се засолниле во блиските барови.
Пукањето било во близина на Божиќниот базар во градот, а се уште не е познато дали станува збор за терористички чин.