вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Манаскова: Ниту еден проект не е предвиден за Општина Виница

Манаскова: Ниту еден проект не е предвиден за Општина Виница

Како што споменав и на Комисијата за финансирање и буџет во изминативе години вообичаено при носењето на буџетот секогаш се осврнувам на мојот град, на Виница, односно на граѓаните на нашата општина и им ги презентирам проектите кои што во таа година биле наменети и се однесуваат на Виница, изјави Магдалена Манаскова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, при заседавање на седницата во Собрание на Република Македонија.

Манаскова потенцираше дека оваа година за жал во нејзиниот говор ќе изостане овој дел.

-Разгледувајќи го буџетот за 2019 година упорно се трудев макар и еден проект кој што се однесува на општина Виница, за да можам да го презентирам на граѓаните на општина Виница. Барав барем еден од проектите кои што беа ветени во програмата за „План на живот“ од 2016 година, барем еден проект од последнава програма на кандидатите за градоначалници, за локалните избори. Меѓутоа Виница се споменува само еднаш во делот кој што е неизбежен и тоа е делот за блок дотации и не можев да најдам ниту еден друг проект кој што се однесува на градот од кој што доаѓам, посочи Манаскова.

Според Манаскова за да се исправи на некој начин оваа неправда таа заедно со колегите пратеници поднела 10 амандмани на буџетот за 2019 година кои што беа пред се за проекти наменети за фекална канализација во селата Градец и Трасино, инфраструктурни проекти, промена на азбести цевки во селото Јакимово, понатаму за трасирање на патот Трасино-Голак и за водовод во село Грлани.

Поднесов амандмани за село Блатец, за изградба на дом за стари лица, и спортски комплекс, изградба на социјална зграда и многу други проекти кои се изоставени од овој буџет за жал, додаде Манаскова.

Најнови вести