сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димков: Имате најкатастрофална реализација на капитални инвестиции оваа година, пониско не било никогаш

Димков: Имате најкатастрофална реализација на капитални инвестиции оваа година, пониско не било никогаш

На денешната собраниска седница свое обраќање имаше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Трајче Димков.

Тој истакна дека економијата е на колена и дека Владата не направила никакви нови проекти освен што ги продолжила постоечките почнати од претходната Влада но и тие уште не се завршени.

„ Би сакал да кажам неколку работи, граѓаните не почувствуваа никаков бенефит од вашите економски политики да ве потсетам имате намален Бруто домашен производ, катастрофална реализација на капиталните инвестиции од само 30 % значи пониско никогаш не било во државата“ – кажа Димков.

Димков додаде дека не се гради ништо и дека не е изградена ни една спортска сала додека во минатото во една година се граделе преку 60 нови спортски сали. Исто така тој кажа дека не слушнал ниту за изградба на објекти на нови странски инвеститори ниту за долго најавуваната и ветуваната плата од 500 евра.

Најнови вести