сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ФК Осогово со понуда до Мурињо: Дојди кај нас

ФК Осогово со понуда до Мурињо: Дојди кај нас

Македонскиот третолигаш Осогово од Кочани упрати директна понуда до Португалецот Жозе Мурињо за работа во овој македонски фудбалски клуб.

-Жозе Мурињо дојди кај нас! Нема што да загубиш, ние сме шампиони посекако, барем ќе научиш македонски јазик, напишаа од ФК Осогово на Твитер.

Мурињо минатиот викенд со Манчестер Јунајтед загуби кај Ливерпул со 3:1, а тоа ја прели чашата по што следуваше отказ за „Специјалниот“.

На кормилото на Јунајтед, Мурињо беше од 2016 година.