недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Митовска: СДСМ нема капацитет да го реазлизира она што го има испланирано

Митовска: СДСМ нема капацитет да го реазлизира она што го има испланирано

На денешната седница во Собранието, пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ,Слаѓана Митовска постави прашање кон пратеничката од СДСМ, Катерина Кузмановска како граѓаните да им веруваат дека тоа што таа го збори е вистина, кога реалноста била сосема поинаква.

-Откако реалноста е таа, откако сте дојдени на власт бруто инвестициите континуирано паѓаат. Последниот квартал од 8.5 %, првото полугодие 10% и ваквата деинвестираност не ни дава надеж дека ќе се оствари предвидената стапка на раст од 3.2% и испланираните приходи во буџетот, истакна пратеничката Митовска.

Таа до пратениците од СДСМ постави прашање зошто Република Македонија има најниска стапка на раст во регионот, во однос на Албанија, Бугарија и Србија?

-Ако со ребалансот имавте планирано 2.8%, со буџетот за 2018, 3.2%, се поставува прашањето дали до крајот на годината ќе оствари 2.5%. Зошто сите други држави околу нас растат со околу 4% раст?-потенцираше таа.

Митовска додаде дека сето ова покажува дека власта предводена од СДСМ има недостаток на капацитет, односно институциите раководени од оваа власт немаат капацитет да го реазлираат она што СДСМ го има испланирано.

Најнови вести