Барселона веќе може да се пофали со прво зимско засилување, откако го договори дефанзивецот на Валенсија Џејсон Муриљо.
Колумбиецот ги помина медицинските прегледи и ќе ја засили одбраната по повредите на Умтити и Вермален.
Дефанзивецот доаѓа на заем и Барселона нема да плати надоместок за него, откако ќе ја подмирува единствено неговата плата. Сепак вклучена е клаузула за откуп од 25 милиони евра во договорот по крајот на актуелнава сезона.
Опција за Барса беше и 22-годишниот дански дефанзивец Андреас Кристенсен, но Челзи ја блокираше зделката.
МИА