петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Француските железници укинуваат над две илјади работни места

Француските железници укинуваат над две илјади работни места

Француското државно железничко претпријатие (СНЦФ) во текот на следната недела ќе укине над 2.000 работни места.

Според новиот план за в година, отказ ќе добијат 2.260 работници, а ќе се вработат нови 170 службеници, се наведува во соопштението на синдикатот.

Поради долг кој е поголем од 35 милијарди евра, францускиот парламент усвои во јуни закон за реконструкција на високозадолженото претпријатие за железнички превоз поради што вработените протестираа три месеци. Планот за реконструкција предвидува промена на претпријатието во акционерско друштво.

Превидено е укинување на монополот во домашниот патнички превоз од 2020 година. Државата, и покрај проблемите, се согласи да преземе дел од долговите на СНЦФ.