четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Познати

Нема да штеди на пари: Лејди Гага прави свадбата вредна цело богатство, а од изборот на невестински фустан девојките ќе „полудат“

Нема да штеди на пари: Лејди Гага прави свадбата вредна цело богатство, а од изборот на невестински фустан девојките ќе „полудат“

Само неколку месеци откако Лејди Гага објави вест за свршувачката со Кристијан Карин, извор близок на двојката тврди дека планираат скапоцена венчавка во Венеција, Италија на која ќе бидат поканети најголемите холивудски ѕвезди.

Со оглед на нејзиното италијанско потекло оваа одлука не ги изненади нејзините фанови.

Како што објаснува извор близок до двојката Гага и Кристијан планираат скапоцена венчавка каде ќе бидат повикани најпознатите имиња од Холивуд, а се претпоставува дека свадбената прослава ќе чини некаде околу 5 милиони долари.

Гага планира да носи за свадбата креација дизајнирана од Донатела Версаче, а целата венчавка како и прославата нема многу да отскокнува од традиционалните италијански венчавки.

На списокот на гости се наоѓаат многу пријатели на двојката како што се Кристи Тајген, Тејлор Свифт,Кејт Хадсон, Кели Озборн, Стив Вондер, Џастин Вибер, Мајли Сајрус, Бредли Купер…

За музичкиот дел ќе се погрижи Елтон Џон, а Лејди Гага планира на забаватa да изведе и дует со Бредли Купер.

Најнови вести