вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Морничава сцена: Забележале дека под дрвената куќарка нешто мрда, па одлучиле да ја подигнат (ВИДЕО)

Морничава сцена: Забележале дека под дрвената куќарка нешто мрда, па одлучиле да ја подигнат (ВИДЕО)

Кога едно друштво забележало дека нешто мрда под старата дрвена куќарка, одлучиле со виљушкар да ја подигнат, за да видат за што се работи и дали нивните сомнежи се оправдани.

Кога ја подигнале куќарката, затекнале сцена која би преплашила многумина.

Под куќарката пронашле повеќе од 50 грозни змии, кои биле долги помеѓу метар и половина и два метри.

Џесика, сопругата на Боби, кој што ја подигнал куќарката, го споделила видеото на Фејсбук и ја прегледале повеќе од 2,5 милиони луѓе, а била споделена речиси 50.000 пати.