недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трамп и Меланија ненадејно пристигнаа во Ирак (ВИДЕО)

Трамп и Меланија ненадејно пристигнаа во Ирак (ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој во средата придружуван од сопругата Меланија допатуваа во посета на Ирак, не планира да го намали американскиот воен контингент во оваа блискоисточна земја откако донесе одлука да ги повлече единциите од соседна Сирија, ја пренесе неговата изјава телевизиската мрежа Fox News.

Според телевизијата, Трамп го изјавил тоа во текот на неговото ненајавено патување во Ирак. Во моментов, има неколку американски воени бази на територијата на Ирак. Бројот на американските војници, според извештаите на медиумите, можеби надминува пет илјади војници.

Претседателот Трамп и сопругата Меланија ги посетиле американските војници во Ирак ноќта на католички Божик, изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.

„Претседателот Трамп и првата дама заминаа во Ирак при крајот на Божикната ноќ, да ги посетат нашите војници и високото воено водство и да им се заблагодарат за нивната служба, успехот и пожртвуваноста, како и да им посакаат среќен Божик“, напиша Сандерс на Twitter илустрирајќи со фотографија на претседателската двојка со американските војници во божикна атмосфера.

Претходно во средата турската новинска агенција Anadolu, повикувајќи се на членот на локалниот совет на ирачката покраина Ал-Анбар, Фархан Дулеми, пренесе дека Вашингтон донел одлука да подигнат две нови воени бази во западниот дел на Ирак, околу 100 километри од границата со Сирија, од каде што започна повлекувањето на американските војници, откако претседателот Трамп минатата седмица објави дефинитивна воена победа над џихадистичката терористичка групација Исламска држава.

Претходно дел од американските медиуми коментираа дека во двете години од својот претседателски мандат, Трамп никогаш не бил на некои од жариштата во светот каде што се распоредени американски војници. Кон крајот на ноември, весникот The Washington Post, по интервјуто со Трамп објави дека се разгледува можноста за таква посета пред Божик, и притоа се нагаѓаше дека тоа ќе биде Авганистан.

Притоа, една од причините за критики на Трамп е фактот дека актуелниот врховен командант своевремено го избегнал служењето на воениот рок. Во средата весникот The New York Times, цитирајќи ја ќерката на ортопедот хирург кој открил спинозни израстоци на коските на Трамп, вели дека нејзиниот татко, наводно, ја дал дијагнозата како „услуга“ кон таткото на идниот претседател. Благодарејќи на дијагнозата, Трамп ја избегнал регрутацијата и учество во Виетнамската војна, а докторот кој имал ординација во една од зградите кои му припаѓале на Фред Трамп, добил можност директно да му се обраќа нему, доколку треба да се интервенира во зданието.