четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

(СКАНДАЛ) Лидер: Советник од кабинетот на Заев го прогласи ракометарот Стоилов за ментално нестабилен

(СКАНДАЛ) Лидер: Советник од кабинетот на Заев го прогласи ракометарот Стоилов за ментално нестабилен

Посебниот советник за развој на мултикултурно општество на премиерот Зоран Заев, Рубин Земон, кој е претседател на сојузот на балкански Египќани го прогласи еден од најдобрите македонски ракометари Стојанче Стоилов за ментално нестабилен, пишува Лидер.

Земон кој бил присутен на настанот на Агенцијата за спорт и млади од која Стоилов си замина затоа што се зборувало на албански јазик тврди дека вчера немало никаков скандал и дека еден од добитниците на спортските награди прво зборувал на мајчин јазик, а потоа продолжил на македонски.

Според сегашниот советник на премиеротЗемон, ракометната ѕвезда Стоилов морал да остане да му честита на годинешниот добитник на наградата “Спортист на годината”, што ја освоил самиот лани.

„Секој си има право да си говори на својот јазик. Човекот ги поздрави луѓето на албански, а потоа го стори истото и на македонски.

Тоа е негово право и никој не смее тоа да му го оспори, а најмалку СтојанЧЕ, а уште повеќе од тоа да се направи инцидент.

Тој прво мораше да остане до крај како “спортист” на годината од лани и да му честита на овогодишниот спортист. Но изгледа човекот е ментално нестабилен.

Јас како поранешен ракометар го гледам и на терен, во одбрана е “дупка”, најслабата алка, а тоа е баш одлика на ментално лабилни, неодговорни и егоцентрични играчи“, анализира советникот за мултикултура на премиерот Заев.

По оваа скандалозна изјава на посебниот советник Кабинетот на Заев, премиерот не се огради.

Најнови вести