вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Маскерано ѝ кажа збогум на Барселона: Ниту тој, ниту Иниеста не можеа да ги сокријат солзите (ВИДЕО)

Маскерано ѝ кажа збогум на Барселона: Ниту тој, ниту Иниеста не можеа да ги сокријат солзите (ВИДЕО)

Хавиер Маскерано попладне имаше можност за последен пат да одржи говор пред своите соиграчи во свечената сала на „Камп Ноу“, а покрај тоа што популарниот „Ел Хефесито“ не можеше да ги сокрие емоциите кога ги слушна пораките кои ги доби од своите соиграчи, неговото обраќање го трогна најискусниот во тимот на каталонскиот гигант.

Капитенот Андрес Иниеста не можеше да остане рамнодушен на солзите и емотивниот говор кој го одржа аргентинскиот борец, па во еден момент можеше да се забележи како од неговите насолзени очи паѓа и една капка која се обиде веднаш да ја сокрие бришејќи ја со раката.