Најмалку шест лица загинаа во несреќа на железничкиот мост во Данска, пренесува ТВ2 Фунен.
Несреќата се случила кога патнички воз се судрил со делови од товарен воз.
Товарниот воз се движел кон Фунен, а патничкиот воз кон Копенхаген.
Осум лица се повредени во несреќата, потврдија од данските железници за ТВ2 ДСБ.