четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кацарска го ослободи, МЕПСО му го вработи синот: Бучковски му отвора терен на Заев за фалсификат и ги одработува услугите од власта

Кацарска го ослободи, МЕПСО му го вработи синот: Бучковски му отвора терен на Заев за фалсификат и ги одработува услугите од власта

Владо Бучковски во изјава за Канал 5 прогнозира дека СДСМ ќе победи во првиот круг на претстојните претседателски избори со разлика од 100.000 гласа пред ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ сега го испитува рејтингот на своите кандидат и таму не гледаме дека е профилиран кандидат кој однапред би имал сериозна поддршка. Можно е по првиот изборен круг, кога би била разликата според мене повеќе од 100.000 гласа за кандидатот на СДСМ, затоа што сум убеден дека СДСМ ќе биде фаворит на овие избори, без разлика кој ќе биде кандидат од оние кои се споменуваат во јавноста, тогаш ќе биде голема дилемата кај ВМРО-ДПМНЕ дали да учествуваат во вториот круг за да биде исполнет цензусот. Во спротивно тивкиот бојкот ќе значи рушење на претседателските избори. Варијантата на Владата дека имаат резервна опција да се отвора Уставот и да се бира претседател во парламентот, според мене е решение кое требаше да биде промовирано не како резултат на неуспешени претседателски избори, туку како решение кое одговара на Уставот и на приликите во Македонија, вели тој.

Овој политичар даде своја проценка и пред референдумот во септември годинава, каде во голема мера прогнозираше сосема погрешни резултати.

Во гостување на Bloombeg TV Bulgarija, поранешниот министер и премиер од СДСМ, изјави дека над 700.000 граѓани на Македонија ќе гласаат „за“ на референдумот.

-Референдумот за името на земјата е историски момент за Македонија. Насочен е кон изборот за пристапување кон ЕУ. За жал договорот со Грција беше единственото можно решение, за да се отворат вратите на НАТО и ЕУ. Јасно е дека над 700 000 граѓани Македонија ќе гласаат за, но дали ќе се обединат оние кои се против, не се знае, рече Бучковски неколку дена пред референдумот.

Но, по оваа негова проценка, сите беа соочени со реалната слика и резултати од референдумот. Ако се земе предвид дека, според обвинувањата од повеќе страни, кутиите беа наполнети со минимум 50.000 гласови, тогаш со својата проценка Бучковски промашил цели 100.000. Односно, на референдумот имаше далеку помалку гласови од тоа што го предвиде политичарот на СДСМ.

Кога деновиве тој се јавува со нови прогнози, оправдано се поставува прашањето: Дали на претседателските избори ќе се случи исто што и на референдумот, од аспект на полнење кутии и претставување на лажна слика пред народот, погазувајќи го неговиот глас?

Слушајќи ги изјавите на Бучковски и следејќи го однесувањето на власта, народот се запрашува: Дали Заев повторно најавува сценарио на насилно полнење на кутии на претседателските избори преку Бучковски кој мора да ја оправда ослободителната пресуда од Кацарска судството?

Синот на Бучковски вработен во МЕПСО

Власта го награди и својот поранешен функционер со одлично работно место за неговиот син.

Дамјан Бучковски е последното кадровско решение на државната компанија МЕПСО. Дамјан е син на професорот Владо Бучковски, поранешен премиер и повратник во редовите на владеачката партија СДСМ. Тој во компанијата е ангажиран со договор на дело. Од неодамна во МЕПСО работи и Фиторе Бејта Акику, ќерката на Невзат Бејта, поранешниот градоначалник на Гостивар од владеачката партија ДУИ.

„На последниот оглас за вработување објавен во согласност со Законот за работни односи, на работната позиција референт за набавки во одделот за комерцијални работи вработено е горепосоченото лице како најдобар кандидат од конкурентите на огласот“, информираа од МЕПСО за нововработената Фиторе Бејта Акику.

Годинава АД ЕЛЕМ се вработи и Бесија Џафери, ќерката на претседателот на Собранието, Талат Џафери како референт за правни работи. Во ЕЛЕМ vo 2018 godina имаше работно место и за Димитар Грчев, син на архитектот и советник во Министерството за култура Мирослав Грчев.

Со вакви прогнози, Бучковски очигледно си ги одработува услугите кои ги доби од актуелната власт-својата слобода и големата плата за синот.

Најнови вести