понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Голема крводарителска акција во чест на Тоше Проески

Голема крводарителска акција во чест на Тоше Проески

Голема крводарителска акција посветена на Тоше Проески во знак на одбележување на неговиот роденден ќе биде организирана денеска во холот на Дом на АРМ во Скопје во периодот од 09:00-17:00 часот.

– Ликот и хуманото дело на Тоше Проески се позитивен пример и поттик за многу млади личности кои токму на овој датум даруваа крв, но и мотивација за повеќекратните дарители да продолжат со хуманиот чин. Традицијата за одржување на крводарителски акции во спомен на Тоше Проески започна во 2010 година и од тогаш, традиционално, тие се реализираат во негова чест. До сега, на овие 14 акции, својата хуманост преку чинот на дарување крв ја покажале околу 4.000 крводарители, соопштија организаторите.

Акцијата ја организираат Црвениот крст на град Скопје, Општинска организација на Црвен крст Гази Баба, Институтот за Трансфузиона медицина, Тоше фанови РМ и Фондација Тоше Проески. Поддршка на акцијата ќе дадат членовите на Клуб 25-клуб на млади крводарители и мотиватори.