Со месечно покачување од 82 проценти, вработените во воздухопловството во ноември изминатата година заработиле над 96 илјади денари и со тоа пилотите и другите професионалци од овој сектор се искачија на врвот на најплатени професии во Македонија.
Веднаш по нив се програмерите со плата од над 50 илјади денари, а третото место е резервирано за кадрите од финансискиот сектор. Во претпоследниот месец од 2017-та година, нивните плати изнесувале над 45 илјади денари.
Зад нив се вработените во фармацевтската индустрија (42.000 денари) и вработените во телекомуникацискиот сектор (38.000 денари).
Според податоците на Државниот завод за статистика, во ноември 2017-та година просечната нето плата изнесувала 23.196 денари што во споредба со претходниот месец изнесува за 163 денари помалку.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2017 година изнесува 23.196 денари. Во ноември 2017 година 1,1% од вработените во Македонија не зеле плата.
Ова се професиите со највисока нето-плата:
Воздухопловен транспорт – 96.116 денари
Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 50.248 денари
Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови – 45.251 денар
Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати – 42.377 денари
Спортски, забавни и рекреативни дејности – 40.193 денари
Телекомуникации – 38.940 денари
Маркетинг (реклама и пропаганда) и истражување на пазарот – 37.209 денари
Правни и сметководствени дејности – 35.800 денари
Складирање и помошни дејности во превозот – 36.556 денари
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација – 36.446 денари
Дејности на организации врз база на зачленување – 34.893 денари
Помошни дејности кај финансиските услуги и дејностите во осигурувањето – 31.673 денари
Осигурување, реосигурување и пензиски фондови, освен задолжително социјално осигурување – 35.113 денари
Останати стручни, научни и технички дејности – 32.519 денари
Вадење руди на метал – 31.525 денари
Информативни услужни дејности – 31.588 денари
Поправка и инсталирање на машини и опрема – 31.425 денари
Целиот извештај погледнете го ТУКА