понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ФОТО: Железничка несреќа во Милано, најмалку тројца загинати, 110 повредени

ФОТО: Железничка несреќа во Милано, најмалку тројца загинати, 110 повредени

Во близина на Милано утринава воз излетал од шините при што најмалку три лица го загубиле животот, 110 се повредени, пренесува агенцијата Анса.

Според италијанските медиуми возот „Тренордо“ доаѓал од Кремона и одел кон миланската станица Гарибалди.

Агенцијата Анса наведува дека при несреќата два вагони од возот се превртеле  и дека пожарникарите и спасувачките екипи морале да ги сечат превртените вагони за да ги извлечат патниците.

Повредените веднаш со хеликоптери биле пренесени во околните болници.