Вториот репрезентативец на Англија се најде во центарот на скандалот поврзан со кокаин, објавија британските медиуми.
Играчот за кој станува збор, а чие име не е споменато, е виден од страна на жена која го видела како влегува и излегува од тоалетот за време на Божиќната забава. Жената тврди дека пријатели на фудбалерот и понудиле и на неа дрога.
Репрезентативецот на „трите лава“ и ѕвезда на Премиер лигата бил исфрлен од клубот, затоа што бил толку пијан, што не можел да стои на нозе.
– Неколку пати ми беше понудено да пробам дрога. Играчот не можеше да се контролира себеси и постојано влегуваше и излегуваше од тоалетите. Се чинеше дека сите се под влијание на кокаин, објаснува сведокот пред „Сан“.
Вчера, излегоа информации за уште еден англиски репрезентативец, кој бил виден од страна на соиграч како шмрка кокаин.