Ноќеска околу 01 часот, во СВР-Скопје било пријавено дека во с. Трубарево – скопско, во својот дом, била пронајдена почината В.Н. (60).
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршил Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Скопје, а телото на починатата е дадено на обдукција.