четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Димков: За новата стипендија се одземаат 50% од стипендиите за социјални категории

Димков: За новата стипендија се одземаат 50% од стипендиите за социјални категории

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајче Димков на денешната расправа во врска со воведувањето на нова стипендија рече дека е загрижувачко што за да се даде пари за оваа стипендија, се одзема од студентите кои зимаат стипендија од социјалните категории и тоа се 50% од вкупниот износ на средства кои се доделуваат на ниво на цела Македонија.

-Во ред е како стипендија, но да одземеш од студентите кои се социјални категории, од онаму каде што најмногу боли. Јас се надевам дека ова ќе го корегирате, порача Димков.

Тој постави прашање и до пратениците на СДСМ зошто да им се одзима на овии дечиња, kога сигурно нивните родителите имаат ниски примања или пак може самите тие си го плаќаат студирањето.

Пратеникот Димков потсети дека буџетот за оваа година е најголем до сега во историјата на Република Македонија и СДСМ зема од студентите кои се од социјална категорија и порача дека ова е загрижувачка состојба.

Најнови вести