недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

ЕДЕН ПОВРЕДЕН: Тепачка меѓу студенти од Таџикистан и Пакистан кои учат во Тетово

ЕДЕН ПОВРЕДЕН: Тепачка меѓу студенти од Таџикистан и Пакистан кои учат во Тетово
илустрација

Полициски службеници на СВР Тетово денеска околу 11 часот ги привеле М.Ф.(23) и А.Ш.(19) од Таџикистан и И.Т.(20) од Пакистан.

Портпаролот на СВР Тетово, Мајан Јосифоски информира дека лицата претходно биле пријавени дека околу 10 часот, во кругот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, меѓусебно физички се пресметувале.

-Во пресметката, според пријавеното, учествувал и Х.Т.(21) од Пакистан, кој се здобил со повреди и набргу бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што против инволвираните кои, според првични информации, се студенти на овој Универзитет, ќе следуваат соодветни поднесоци, информира Јосифоски.