вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Скандал: Повлечени 500 вакцини МРП

Скандал: Повлечени 500 вакцини МРП

Според најнови информации не 67 вакцини, како што беше првичната бројка, туку 500 вакцини МРП на кои биле залепени погрешни декларации со веќе изминат рок на употреба се пронајдени и повлечени од 11 вакцинални пункта во земјата, потврди МАЛМЕД – Агенција за лекови и помошни медицински средства на РМ.

Во моментов се одржува итен состанок во Министерството за здравство, на кој се очекува да биде решено, меѓу другото, и какви казнени мерки ќе бидат преземени спрема компанијата „Македонија лек“, каде биле залепени погрешните декларации на вакцините, кои во услови на прогласена епидемија на мали сипаници почнаа забрзано да се трошат.

Надлежните уште од првиот ден по обелоденување на овој пропуст тврдат дека сите вакцини против морбили, рубеола и паротит МРП се со добар рок до јуни и јули 2019 година.

– Ги повлекуваме сите 500 вакцини од вкупно 11 вакцинални пункта во земјата со погрешни декларации напишани на македонски јазик, а сите уште еднаш ќе се пребројат и во Министерството за здравство. Станува збор за погрешни лепенки на 1,7 отсто од вкупната количина вакцини кои биле дистрибуирани во здравствените домови. А ќе се проверува и дали со дел од овие вакцини биле вакцинирани некои од децата. Сите вакцини се со добар квалитет и безбедни, но фирмата која ја направи грешката треба да плати глоба, ќе утврдиме колку таа ќе изнесува. Без сомнение, направена е грешка и треба да се казнат – изјавија неофицијално од МАЛМЕД.

Најнови вести