петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Цената за употреба на двојазичноста ќе ја платат граѓаните- еве колку ќе чини

Цената за употреба на двојазичноста ќе ја платат граѓаните- еве колку ќе чини

Законот за јазици веќе започна да се применува низ целата земја, а според многумина пресметки тој ќе ја чини Македонија скапо.

Весникот Нова Македонија минатата година објави вест дека начелно, во законот се споменува дека за негова имплементација ќе бидат неопходни 1,7 милион евра, но упатените во проблематиката укажуваат дека тој може да нѐ чини дури и десет пати повеќе од предвиденото.

Исто така, истакнуваат дека трошоците ќе се повторуваат или зголемуваат секоја наредна година.

-Имено, секоја државна институција ќе мора да има албански преведувачи за документацијата. Дополнително, вработените што ќе имаат комуникација со граѓаните ќе мора да знаат и македонски и албански јазик. Сето тоа чини и пари и ресурси. Имплементацијата на законот не ги засега само Владата и Собранието туку сите државни институции, како министерствата, царината, судството, но покрај нив ќе мора да се приспособат и училиштата, здравството, јавните претпријатија, а одраз ќе има и врз приватниот сектор. Први на удар ќе бидат адвокатите, нотарите, извршителите, но и преостанатиот економски сектор, бидејќи дури и фискалните сметки ќе треба да се издаваат на двата јазика, што ќе наметне и други трошоци, пишува Нова Македонија.

Ова е уште еден доказ дека за употреба на двојазичноста цената ќе ја платат сите граѓани.

Најнови вести