четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Јована го фати крстот, а нејзините зборови ги расплакаа сите: Ова девојче имало рак, па испрати моќна порака

Јована го фати крстот, а нејзините зборови ги расплакаа сите: Ова девојче имало рак, па испрати моќна порака

Осумнаесетгодишната гимназијалка Јована Лепосавиќ прва доплива до светиот крст денеска во Земун, јавуваат српските медиуми.

Младата белграѓанка која пред четири години ја добила битката со ракот, победничкиот говор го посветила на сите пријатели кои се борат со тешката болест, но и на оние кои, за жал, повеќе ги нема.

-Ви благодарам на сите кои учествувавте и кои ми дозволивте прва да стигнам. Овој триумф ми значи многу бидејќи е во чест на моите другари кои се лекуваат од канцер и на оние кои не се повеќе со нас, изјави Јована.

На традиционално пливање по светиот крст во ледените води на Дунав пливаа 243 лица. Јована била единствената пријавена девојка, но момците и дозволиле прва да стигне до крстот кој носи здравје и среќа.