четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Живот и стил

Нејзината мачка исчезнала пред 10 години, а потоа се случи чудо: Повторно се заедно

Нејзината мачка исчезнала пред 10 години, а потоа се случи чудо: Повторно се заедно

Алекс очајно ја барала својата мачка и лепела постери во 2009-та година , но од неа немало ниту трага… Сепак, животот има чудни патеки.

Алекс Елиот (39) во 2009-та година била разочарана и тажна затоа што нејзината сакана мачка Лили исчезнала. Алекс и нејзиното семејство, по долгата потрага, претпоставиле дека ја згазил некој автомобил.

Тие лепеле постери за да ја пронајдат Лили, но на крај изгубиле надеж.

Сега, 10 години подоцна 15-годишната мачка Лили повторно е во домот на Алекс.

Лили во текот на овие 10 години живеела на 1 километар од домот на Алекс, кај човек кој сметал дека е бездомна мачка и си ја присвоил.

Неодамна тој решил дека повеќе не сака да ја чува Лили и кога ветеринарите ја скенирале мачката според чипот откриле дека таа ѝ припаѓа на Алекс и ѝ се јавиле. Алекс била шокирана од среќната вест. Таа ја земала мачката, ја прегрнала и плачела од среќа.

Сега Лили живее во нејзиниот дом и за неа се грижат Алекс и нејзините деца, кои чуваат и 4 други мачки.