СДСМ призна дека има криминал во исплатите на штетите од земјотресите. Затоа, збунетоста и неодговорноста на в.д градоначалникот Константин Георгиески е се’ поочигледна. Целата јавност е сведок на јавното признание дека Општината со која раководи има сомнителни исплати за обесштетување на граѓаните од штетите за земјотресите токму од вработените, но и функционери од власта, ова денеска преку соопштение го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
-Но, дали Георгиески сака да затскрие и други фалсификувања на документи, префрлување пари на туѓи трансакциски сметки, за една иста исплата дадени пари на неколку лица? Затоа, ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува Секторот за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство во Охрид да постапат искрено и чесно според законите, за сомнежите кои постојат во однос на исплатата на штетите. Граѓаните треба транспарентно да бидат информирани за секое неодговорно работење на Локалната самоуправа. Покрај кривичната одговорност којашто е задолжителна за сите сторители, оваа локална власт доколку чувствува грам совест треба да знае дека моралната одговорност е неизбежна. Многу брзо охриѓани ќе го испорачаат одговорот за оваа криминалана и неспособна власт предводена од градоначалникот Георгиески и СДСМ, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.