петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нејзините повици за помош не ги слушнал никој: Жена 3 дена била заробена во лифт од зграда во сопственост на познат милијардер (ВИДЕО)

Нејзините повици за помош не ги слушнал никој: Жена 3 дена била заробена во лифт од зграда во сопственост на познат милијардер (ВИДЕО)

Една жена од Њујорк цел викенд останала заробена во лифтот на зградата на милијардерот кај кој работела, а пожарникарите ја спасиле дури во понеделникот.

53-годишната Маритес Фортализа во петокот навечер влегла во лифтот на зграда на Менхетн, во сопственост на банкарот Ворен Стивенс.

Семејството Стивенс не било дома во текот на викендот и открила дека Маритес била заробена во лифтот кога се вратиле во понеделникот, објавил “New York Times”.

Тие кога виделе дека Маритес е заробена во лифтот, веднаш повикале пожарникари кои на сила ја отвориле вратата.

-Фортализа, која помага во куќата на семејството Стивенс веќе 18 години, била префрлена во болница. Таа дехидрирала, но нејзината состојба е стабилна, пренесува “BBC”.

Како што било објавено, Фортализа била заглавена меѓу вториот и третиот кат.