недела, 7. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Бугарија прва го одобри Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Бугарија прва го одобри Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Владата на Бугарија го одобри нацрт Протоколот на Северноатланската спогодба за пристапување на Македонија во НАТО.

Со истата одлука, Советот на министри го овласти привремениот администратор на Постојаната делегација во НАТО да го потпише протоколот за пристапување, информираат бугарските медиуми.

Откако амбасадорите на сите земји членки на НАТО ќе го потпишат протоколот, ќе следи усвојување на документот во националните парламенти на државите. Се очекува Грција да биде прва земја што ќе го ратификува.

Процесот на ратификација на протоклот ќе се води забрзано. Македонија би можела да стане членка на НАТО веќе на Самитот во јули.

Најнови вести