вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е синоним за корупција и ја доведе државата на дното во Европа

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е синоним за корупција и ја доведе државата на дното во Европа

СДСМ е синоним за корупција и ја доведе државата на дното во Европа според Транспаренси интернешнл. СДСМ ја донесе Македонија на срамното 93-то место. Македонија полошо се справува со коруцпијата од земји како Свазиленд, Лесото, Буркина Фасо, Намибија, Руанда и многу други афрички држави, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Кацарска судството, сомнителните набавки и тендери, системот едно евро за Вицето совршено функционираат во оваа држава додека граѓаните не можат да си ги остварат основните права заради што целосно изгубија верба во институциите. Економијата тоне додека  корупцијата и криминалот цветаат, а фирмите на Зоран Заев и Анѓушев секојдневно се полнат со пари. Граѓаните со секој нов ден се сведоци  на нови скандали како криминални и крвави тендери, концесии за марихуани, тендери за вицепремиери, криминални иновации, набавка на бифтеци и луксузни возила, вакцини со поминат рок , прислушување на обвинители и судии и многу други афери кои ја тресат владата на СДСМ. Неспособноста на СДСМ го достигна својот врв. нема сфера во која СДСМ не потфрли. Оваа неспособна и криминална власт мора да си замине. Зоран Заев треба веднаш да прифати предвремени избори и да ја ослободи државата од црнилата и катастрофалните политики. На Македонија веднаш и е потребна способна и посветена Влада која ќе се бави со решавање на проблемите кои ги создаде СДСМ за владеење од само две години, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести