четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Се огласи директорот на училиштето во Охрид: Ученикот кој пукаше е многу добар и примерен

Се огласи директорот на училиштето во Охрид: Ученикот кој пукаше е многу добар и примерен

Расправијата помеѓу ученици во Охрид, што прерасна во оружен инцидент, во кој бил употребен импровизиран пиштол, ја предизвикал примерен ученик.

– За време на големиот одмор, при препирка на двајца ученици едниот извадил импровизиран пиштол и испукал некој проектил. Што точно се случило ќе покаже истрагата. Момчето што го предизвика инцидентот е многу добар ученик и навистина ме зачудува од каде толкав револт да се одлучи на таков чекор, изјави директорот на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Сашо Недески, пренесе Охридњуз.

Истрагата е во тек.