вторник, 27. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Ѓорѓиевски: Во МВР се случува целосен хаос, а Спасовски единствено се грижи за својата кандидатура пред претседателските избори

Ѓорѓиевски: Во МВР се случува целосен хаос, а Спасовски единствено се грижи за својата кандидатура пред претседателските избори

Во МВР се случува целосен хаос, а министерот Оливер Спасовски единствено се грижи за својата кандидатура и себепромоција пред претседателските избори. Состојбата во МВР е целосно вон контрола а доказ за тоа е инцидент во Шуто Оризари, изјави на прес конференција Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ кој додаде:

„Од јавноста се кријат и премолчуваат детали за учесниците и нивните мотиви со што се отвора сомнеж дека повторно пресудна во целиот случај ќе биде политиката, а не правото. Смешните и паушални објаснувања на Оливер Спасовски се трагедија сами по себе.“

Според Ѓорѓиевски прашањата кои ја интересираат јавноста се следните:

Дали напаѓачите врз полициските службеници биле исто така полициски службеници, но и лица поврзани со актуелниот градоначалник?

Дали е точно дека меѓу приведените има полициски службеници од шестата управа?

Дали тие се легитимирале, односно дали службено постапувале или како пак што милува Оливер Спасовски да каже, само приватно?

Што барале таму нападнатите полициски службеници во возило без регистарски таблици? Дали е пронајдено нешто во тоа возилото?

Зошто сите овие информации се кријат од јавноста и од жителите во Шуто Оризари? Зошто наместо полицијата да се бори против криминалот, оружјето го насочува меѓу себе?

Оливер Спасовски може да бега од одговори, но не може да побегне од одговорноста, заклучува Ѓорѓиевски.

Според него жителите на Шуто Оризари се чувствуваат исплашено и загрижено од разните информации, бидејќи наместо да патролира полицијата, со недели и месеци назад, улиците во општината се препушти на банди и криминалци.

-Полицаец во Прилеп искасапи и запали човек. Полицајци во Шуто Оризари претепаа свои колеги. Убиецот на Мартин Јанушев две години подоцна слободно се шета. Убијците од центарот на Скопје кои одзедоа два животи исто така се на слобода и не ги бара никој, потенцира Ѓорѓиевски.

Скопје и Македонија се целосно небезбедни. Реализацијата на МВР никогаш не била полоша, а за се тоа одговорен е Оливер Спасовски. Време е Оливер Спасовски да се повлече заради својата неспособност, па макар и со оправдување дека е кандидат за претседател. Доста граѓаните плаќаа со сопствените животи за коалицијата на СДСМ со криминалот, дополни Ѓорѓиевски.

Најнови вести