Пејачката Наташа Беквалац со својот настап на регионалното музичко шоу МАС- awards ги изненади сите и ја воодушеви публиката.
Таа на сцената изведе три песни во потполно нов стил и за сите три имаше посебна кореографија и костим, а по сето ова таа им се заблагодари на фановите.
На својот Инстаграм профил пејачката објави и емотивен пост:
-Благодарност до сите убави пораки кои ми ги праќате. Благодарам што ја почувствувавте нашата приказна….јас осетив дека не сум сама, сакам да знаеш дека и ти не си сама…Што се однесува до моето срце денеска е на место. Многу осетливо и гордо. Денес цел ден ми се плаче…но, среќна сум. Благодарам на љубовта која ми ја праќате, напиша таа.