Светот е во шок, семејството ја прими трагичната вест, а приватната истрага потврди- авионот на Сала е урнат во водите на морето…
Светските медиуми пишуваат дека на снимката која ја објави приватната истрага на фудбалерот имало едно тело внатре во авионот кое можеби е на пилотот или фудбалерот Емилијано Сала.
BREAKING Underwater video footage shows one occupant visible in the wreckage of the plane carrying Emiliano Sala, investigators say https://t.co/u8kb5xfNzC pic.twitter.com/Y9sbvvJTwZ
— AIRLIVE (@airlivenet) February 4, 2019
Остатоците беа пронајдени на дното на Англискиот канал вчера, две недели откако исчезна авионот, а откако полицијата се откажа од истрагата семејството само реши да ја открие вистината.
Авионот беше пронајден на четириесетина километри северно од островот Гернзи, крај брегот на Нормандија, откако приватниот истражувач Мурнс ја сведе потрагата на само шест квадратни километри.
Сала патуваше од Франција до главниот град на Велс, за да го комплетира трансферот од страна на Лигата 1 од Нант, кога авионот „пајпер малибу“ загубил контакт со крајбрежната стража и се урнал во морето.