Бидејќи јас доаѓам од тој крај, од Тиквешијата и покрај тоа што претходните колеги дискутираа и кажаа скоро се во однос на потребата од измената на законот за земјоделие и рурален развој односно зошто денеска се пристапува кон негова измена и јас накратко би земала учество во интерес на јавноста. Значи измената на законот е со цел овозможување на Владата да донесе или ставање на услови Владата да може да донесе одлука предлог за дополнување на помош и мерка за исплата на одредени на одредени производи продадени најдоцна 5 години пред донесување на одлука на неплатени производи од страна на регистрирани откупувачи, изјави Весна Пемова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција „За подобра Македонија“, на денешната седница на Собранието на Република Македонија.
Финансиските средства кои што изнесуваат и се во висина на од милион ипол евра ќе бидат обезбедени од програмата за финансиска поддршка на земјоделието и програмата за рурален развој за 2019 година, нагласи Пемова.