среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мицкоски на средба со потпретседателот на Европската Народна Партија и претседавач со комитетот за меѓународни односи при ЕП

Мицкоски на средба со потпретседателот на Европската Народна Партија и претседавач со комитетот за меѓународни односи при ЕП

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски деновиве е во работна посета на Брисел каде оствари неколку клучни средби со европски претставници.

Денеска тој се сретна и со потпретседателот на Европската Народна Партија и претседавач со комитетот за меѓународни односи при ЕП Дејвид Мекалистер.

-Имав средба со Потпретседателот на Европската Народна Партија и претседавач со комитетот за меѓународни односи при ЕП Дејвид Мекалистер.

Одлична средба каде дискутиравме за Македонија и нејзината иднина. Но воедно ја пренесов и мојата загриженост за растечката корупција и отсуство на владеење на правото во Македонија.

Таквиот недостиг и отворено бегање на власта од парламентарни избори кои ќе гарантираат дополнителни механизми да се спроведе волјата на граѓаните, отвора сериозен сомнеж дека власта сака да ги фалсификува и следните претседателски избори.

Затоа фер претседателски избори мора да се важен предуслов за напредување на европската агенда, стои во Фејсбук статусот на Мицкоски.

Најнови вести