сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со Иво Вајгл, европарламентарец и известител на ЕП за Република Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со Иво Вајгл, европарламентарец и известител на ЕП за Република Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со Европарламентарецот и известител на ЕП за Република Македонија Иво Вајгл.

-Разговаравме за состојбите во Македонија, за потребата за акцелерирање на европските интеграции и исполнување на клучните реформи. Го посочив сериозното нарушување на принципите на правото и правната држава што преставува и сериозно подривање на демократијата во Македонија. Го нотирав и лошиот економски живот на граѓаните и мерките на владата со кој се оптоварува нивниот стандард, информираше Мицкоски по средбата.

На средбата, во придружба на Мицкоски беше и Тимчо Муцунски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести