четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Турција: Во банани од Еквадор стигнале и 615 кг кокаин

Турција: Во банани од Еквадор стигнале и 615 кг кокаин

Турската полиција заплени 615 килограми кокаин во операција спроведена во јужната провинција Мерсин, соопшти обвинителството.

Во заедничката операција со безбедносните сили од јужната провинција Хатај, тимовите за борба против дрога пребарале контејнер во пристаништето Мерсин во кој, според декларацијата, се наоѓале само банани од Еквадор.

– Меѓутоа, откриени се и 530 пакети кокаин, се наведува во соопштението.

Во операцијата се уапсени и четири осомничени лица.