четврток, 22. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

Анаконда во Хрватска: Деца кај Водице од морето извадија змија долга 2,5 метри (ФОТО)

Анаконда во Хрватска: Деца кај Водице од морето извадија змија долга 2,5 метри (ФОТО)

Пет деца од Водице во Хрватска во морето пронашле змија долга 2,5 метри.

Тринаесетгодишниот Нико Витиќ видел на дното од морето огромна змија, а потоа со другарите, по десетина минути ја извадиле на брегот, пишува Инфо Водице.

Ветеринарот Здравко Зорица тврди дека станува збор за зелена анаконда.

– Станува збор за неотровна речна змија. Како стигнала во морето, тешко е да се каже. Можно е некој да ја чувал како домашен миленик во терариум, па откако угинал ја фрлил во морето, изјави Зорица.

Змијата беше однесена од жупанискиот концесионер Ас Еко.