Вчера во 13 часот на улицата „Индира Ганди“ во Скопје, патничко возило „Форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш.(23) од Скопје, удрило во пешакот С.Д.(57) од Скопје.
С.Д. се здобила со тешки телесни повреди и со истото возило била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.